Тошеманија во Хрватска!

6. август 2007. - Од из­да­вач­ка­та ку­ќа Хит ре­кордс од За­греб из­ве­сту­ва­ат де­ка од 1. август, ко­га на па­за­рот се по­ја­ви но­во­то CD на То­ше Про­е­ски – Игри без гра­ни­ци, во Хр­ват­ска зав­ла­деа ви­стин­ска То­ше­ма­ни­ја! За са­мо пет де­на, кол­ку што ал­бу­мот е во про­даж­ба, Игри без гра­ни­ци до­стиг­наа сре­брен ти­раж, по­твр­ду­вај­ќи де­ка на­ви­сти­на се ра­бо­ти за ал­бум на го­ди­на­та. Тоа го по­твр­ду­ва и нај­ав­ни­от сингл за те­ма­та Уби­јаш ме ус­на­ма (кај нас поз­нат по нас­ло­вот Ни­кој ка­ко те­бе не бак­ну­ва), кој во те­кот на пр­ва­та не­де­ла ус­пеа да зав­ла­дее со нај­важ­ни­те та­мош­ни топ-ли­сти, а на на­ци­о­нал­на­та ХР­Топ 20 се иска­чи на де­сет­та­та по­зи­ци­ја.
Во Хр­ват­ска се гор­ди што на ал­бу­мот на То­ше сво­јот бе­лег го оста­ви­ја ре­но­ми­ра­ни­те авто­ри и му­зи­ча­ри: Ни­кша Бра­тош, Ми­рос­лав Рус, Ан­то­ни­ја Шо­ла и Ми­ро Бу­љан...
Во Ма­ке­до­ни­ја CD-то се про­да­ва по це­на од 300 де­на­ри, а пр­вич­ни­те им­пре­сии од фа­но­ви­те на То­ше се из­во­нред­ни...